Од владејачката СДСМ велат дека нема ништо спорно во препораките на заедничката Комисија за историски и образовни прашања објавени вчера од министерствата за надворешни работи на Македонија и на Бугарија за заедничко чевствување на пет историски личности и пет препораки за учебниците по историја за петти клас во Бугарија и за шесто одделение во Македонија.
Усогласените препораки „усвоени од стручна и независна комисија без какви било политички влијанија и оти со нив паднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски“, велат од СДСМ.
„Денеска стана јасно дека во тие препораки нема ништо спорно, нема ништо затскриено, нема никакво бришење или менување на историјата, нема историја по бугарски терк како што лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Усвоените препораки за одредени учебници во основното образование се на база на реципроцитет и истите ќе бидат доставени и до македонската но и до бугарската влада“, велат од СДСМ.







