Коалициониот партнер на партијата на вицепремиерот Артан Груби СДСМ не реагира на двојната провокација кон Македонците од страна на високиот функционер на ДУИ.
Груби вчера во изјава за медиумите прво рече дека македонскиот народ конечно ќе се одвоел од бугарскиот како досега да не бил одвоен.
Веднаш потоа Груби за македонскиот народ кажа дека е заедница. Груби употреби и народ за Македонците но споменувањето на Македонците како заедница е спротивно и на уставот и на меѓународните стандарди.
„Без уставните измени Македонија е во регрес, во статус кво и не може да оди напред. Затоа секој што сака европска Македонија, секој што сака развој, да ја види нашата земја рамо до рамо со членки на ЕУ ќе даде поддршка за уставните измени од кои најголем добитник е македонската заедница во РСМ затоа што конечно се прави одвојување на македонскиот од бугарскиот народ и тоа со прифаќање од страна на самиот бугарски народ кој како што знаете, се до вчера, имаше други претензии. Од овој процес најголем добитни е македонскиот народ во земјата и сите граѓаните во земјата затоа што сметам дека се заокружува целокупната тапија на државноста на Република Северна Македонија“, рече Груби пренесоа вчера дел од медиумите.
Од СДСМ досега не се изградиле ниту реагирале на провокациите од Груби ниту пак вицепремиерот не се дообјасни или извини за именувањето на Македонците или за индиректните тврдење дека досега тие не биле одвоени од Бугарите.






