Претседателот на Комисијата за надворешна политика Антонијо Милошоски за в четврток во 11 часот закажа седница за „Утврдување национален став за македонските ЕУ-интеграции, наспроти позициите на официјална Софија“, но од СДСМ ја отфрлаат потребата да се дискутира за македонскиот јазик и идентитет во Собранието зашто, според нив, тие се факт.



„Станува збор за Комисија која вторпат се закажува, очигледно дека сакаат да ја држат таа тема во јавност. Jас и по завршувањето односно непочнувањето на Комисијата за надворешни работи, каде што како Предлог-дневен ред беше поставена истата точка, дадов изјава и ќе ја повторам – јас и ние како пратеници не гледаме потреба да се отвори расправа во Собранието за нашиот идентитет и нашиот јазик. Факт е дека ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик, која е потребата за тоа да дискутира Собранието?, вели Јован Митрески координатор на пратеничка група на СДСМ.