Конечната одлука дали ќе има или не предвремени избори, СДСМ би можел да ја донесе до средината на февруари.
Со тоа би биле испочитувани роковите од максимум 60 дена од евентуалното распуштање на парламентот до можното одржувањето на парламентарни избори заедно со вториот круг од претседателските избори, дознава „Независен“.
Поголемиот број од дискутантите на седницата на Централниот одбор во петокот се изјасниле дека не треба да се брза со предвремени избори.





