СДСМ моли за обединување со криминалци и крлежи што сакаат да ја уништат Македонија

СДСМ во повеќе свои соопштенија во последниве денови јавно бара обединување со криминалци и крлежи што сакаат да ја уништат Македонија.



За само неколку дена СДСМ прво ја нарекува криминална партија а нејзините членови крлежи што сакаат да ја уништат Македонија за потоа да молат за обединување со ВМРО-ДПМНЕ.

,,Во историјата на државата нема поштетен субјект од партијата ДПМНЕ, 32 години крлежите од оваа партија ја уништуваат државата.

Оваа партија предводена од Христијан Мицкоски бесрамно злоупотребува човечки трагедии за политички цели, а здравјето, интересите и потребите на граѓаните им се на последно место”, пишува СДСМ во своето соопштение од завчера.

,,ДПМНЕ е криминална партија и тоа е докажано со правосилни судски пресуди”, стои во друго соопштение од пред четири дена.

Откако СДСМ најжестоко ја навредуваат ВМРО-ДПМНЕ вчера Бихаќка користи нова реторика и го кани Мицкоски да станат политички партнери.

,,СДСМ целосно застанува зад Манифестот на лидерите на политичките партии застапени во Собранието, а во врска со водењето преговори за полноправно членство во ЕУ.

Манифестот е во рамките на црвените линии и заклучоците по европскиот предлог што ги усвои парламентарното мнозинство во Собранието и со него сите лидери на политичките партии се обврзуваат дека ќе настојуваат пристапните преговори да завршат во најкраток можен рок, а притоа целосно заштитувајќи го идентитетот, традицијата, јазикот и општествените вредности на граѓаните.

Во овој документ јасно е наведено дека политичките партии во Собранието, без разлика од составот на владејачкото мнозинство, се обврзуваат да соработуваат, но и да го водат преговарачкиот процес целосно отворено и транспарентно со цел најшироката јавност да биде во можност да го изрази своето мислење по однос на условите за членство во Европската унија.

Ова е прилика и други политички партии, а пред се ДПМНЕ да се приклучи кон Манифестот и со тоа на дело да покаже и докаже дека навистина е за ЕУ.

Можностите за Христијан Мицкоски да се приклучи на европскиот блок стануваат се поретки и ако тој не ја искористи оваа шанса ќе покаже дека сето она што го говори за европската иднина е само обично блефирање пред јавноста.

Сега не е време за политички надмудрувања и изговори, туку за обединување за ЕУ на сите политички лидери и преговори за полноправно членство во Унијата”, стои во последното соопштение на СДСМ во кое партијата на власт бара соработка со ,,криминалци и крлежи”.