СДСМ молчи за пеколниот план што вчера и денеска го објавува Бранко Героски според кој Заев се обидува да го урне Ковачевски за да се спаси себе си.
И додека од Бихаќка и од Струмица никој не демантира и не потврдува за хаосот во СДСМ единствен што се јави со реакција на пишувањето на Плусинфо е Ѓорѓи Спасов, екс министер во владата на Црвенковски кој важи за еден од идеолозите на владите на Заев и Ковачевски.
Спасов последниве години повеќе е познат како татко на Никола Спасов, сопственик на агенцијата Рејтинг кој годиниве има добиено десетици милиони од владини тендери.
Само за еден настан од ден и пол во Белград летово агенцијата Рејтинг на Спасов од владата доби речиси 400 илјади евра а Македонија за парите се уште не знае што доби.
Доколку планот што го опишува Героски се спроведе во таква ситуација таткото и синот Спасов ќе останат без сериозни приходи од владините тендери што можеби е причина за нервозната реакција во која тој Героски индиректно без да го спомене со име го нарекува суетен новинар кој лаже и манипулира.
Предходно Заев јавно го нарече Героски суетен новинар.

За што реагираше Спасов
Плусинфо со нови детали за пеколниот план на Заев за пресметка со Ковачевски
Најчитани вести
Додека болни од цистична фиброза и други болести чекаат да умрат без лекови






