СДСМ чиј лидер Димитар Ковачевски одби средба со лидерот на опозицијата тврди дека Христијан Мицкоски се плаши од Ковачевски.
,,Уште од првиот ден од мандатот, ВМРО-ДПМНЕ очајно и неуспешно се обидува да го дискредитира претседателот Димитар Ковачевски.
Лидерството, способноста, решителноста и успехот на Ковачевски во менаџирање на најголемата економско-енергетска криза предизвикаа страв и очај во ВМРО-ДПМНЕ.
Христијан Мицкоски се плаши од Димитар Ковачевски”, стои во контроверзното соопштение на СДСМ во кое не се наведува точно кои се наводните успеси на Ковачевски во економијата и енергетиката.
Ковачевски пред три дена ја одби поканата на Мицкоски да се сретнат за да се договорат за одржување на предвремени избори. Премиерот ја одби и понудата од Мицкоски експертски тимови на ВМРО-ДПМНЕ да помогнат во надминување на економската криза.
Целото соопштение





