Во соопштение за јавноста владеачката партија го обвинува лидерот на опозицијата дека на подмолен начин од премиерот Заев го добил планот за изградба на нов Клинички центар во Скопје.
Од СДСМ не објаснуваат во што се состои подмолноста при добивање на документи за објект од јавен интерес кој според медиумите би чинел над половина милијарда евра и за кој сите граѓани однапред би требало да знаат колку треба да ќе биде платен.
“Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со претседателот на Владата Зоран Заев пред еден месец, пред граѓаните вети дека неговите партиски послушници во парламентот ќе го одблокираат Законот за изградбата на новиот Клинички центар. Очекувано, Мицкоски повторно излажа! Очигледно на Мицкоски целта му била на подмолен начин да дојде до документите кои му беа доставени и истите да ги злоупотребува и да манипулира со податоци. Се што вети на таа средба Мицкоски не оствари, па и понатаму неговата партија во Парламентот блокира 27 Закони кои се од голема важност за граѓаните. Како и Законот за изградба на нов Клинички центар”, се цели во партиското соопштение на СДСМ.
Соопштението на СДСМ доаѓа откако Мицкоски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ доставило предлог за решавање на проблемот со клинички центар кој ќе чини три пати помалку.
Според СДСМ Мицкоски ветил дека ќе го поддржи предлогот на Заев и Филипче за новиот Клинички центар а Мицкоски изјави дека генерално дава поддршка но дека конечниот став ќе го даде откако ќе биде направена анализа на предлогот и најдобрите можни решенија.
Целото соопштение на овој ЛИНК





