Државните позиции во однос на разговорите со Бугарија се јасни, потврдени и со Резолуција во македонското Собрание и Христијан Мицкоски треба да престане со своите неодговорни изјави да и предизвикува штета на македонската позиција и на државниот интерес, реагира владејачката СДСМ.



Иако и беше јавно понудено опозициската ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски не прифати учество во работните групи.

Фактите се познати на јавноста, туширања и фалсификувања се одлика на неговата ВМРО-ДПМНЕ и режимот кој 11 години фалсификуваше историски факти, наметнуваше антички корења, носеше Хунзи и го поткопуваше македонскиот национален идентитет.

Дури и волјата на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ ја фалсификуваше.

Срамно и крајно неодговорно е ова однесување на Христијан Мицкоски кој само бара начини да ги поткопа државните позиции.

Очигледно Мицкоски ревносно ги исполнува насоките и задачите од Никола Груевски“, се вели во соопштението од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.