СДСМ, партијата чиј член е актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски го обвини дека им свртел грб на граѓаните со тоа што се кандидираше за независен кандидат за уште еден градоначалнички мандат. .
„Потегот на Димитриевски го олеснува изборот на граѓаните. Тој што им врти грб на граѓаните, на поддржувачите на демократската и прогресивната опција, на членството и базата на СДСМ, не може да биде најдобра опција за кумановци. За СДСМ, интересот на граѓаните на Куманово бил и секогаш ќе биде пред интересот на Максим Димитриевски или бил чиј друг личен интерес“, објавија од партијата.
На ова реагираше Димитриевски кој изрази жалење што некои поединци неговата независна кандидатура ја доживуваат како предавство.
Вели дека за него приоритет е Куманово и граѓаните. Изјави дека не станува збор за негови лични амбиции туку се работи за еден континуитет на едно можеби поразлично размислување од група на луѓе кои во моментов имплементираат власт.






