Ниту една лажна партиска анкета не може да ги покрие неработењето и криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од СДСМ откако од опозициската партија утрово брифираа за анкета на ИПСОС според која опозициската партија има речиси двојна предност.
На прашањето „Доколку утре се одржат предвремени парламентарни избори за кој би гласале?“, 18,2 отсто од испитаниците рекле дека ќе се одлучат за ВМРО-ДПМНЕ, а 9,5 отсто одговориле дека ќе гласаат за СДСМ.
„Последната анкета е само неуспешен обид да се дефокусира јавноста од реалноста, а таа е катастрофалната работа на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ односно неработа. Ниедна нарачана анкета од ВМРО-ДПМНЕ не може да ги покрие скандалите во кои е вмешан Мицкоски ниту, пак, срамот од многубројните судски случаи, од ’Плацови на Водно‘, па сè до ’Титаник‘ против членови на партиското раководството на најкриминалната партија во Европа“, велат од СДСМ.






