Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски поднесува тужба за клевета против СДСМ од каде го обвинија дека е криминалец.
Предходно Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија власта за аферата „Броило“, конкретно Ковачевски и неговиот кум за трговија со влијание во секторот енергетика.
,,Денес ќе поднесам пријава за клевата оти СДСМ вчера рече дека сум докажан криминалец. Поминав преку флаерите и билбордите, но ова е премногу. Нека докажат. А ние докажуваме кој која компанија ја формирал”, вели Мицкоски во СТУДИО 10 на ТВ24.
Во однос на спорот со градоначалничката Данела Арсовска, Мицкоски вели дека е точно оти немаат директори во јавните претпријатија, но имаат мнозинство во градскиот совет. Намерата на ВМРО-ДПМНЕ е да продолжи да ги поддржува проектите кои се добри за градот.
Истото важи и за односите во Општина Карпош чијшто градоначалник Стевчо Јакимовски се откажа од ВМРО-ДПМНЕ која го поддржа на изборите.
Мицкоски вели дека само излегување на предвремени избори ќе ја реши кризата во Македонија и дека неговата партија е подготвена.
Како одговор на шпекулациите дека Груевски барал смена на Мицкоски од лидерското место на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски коментира дека досега имало многу теории на заговор, но нештата не функционираат така оти партијата има статут, а државата има закони.
,,Сега кога е извесно дека Македонија конечно ќе се ослободи од корупција, слабо здравство и образвание и други слабости, немам намера да престанам да се борам. Мојот концепт се темели на чесност и многу работа. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ го потврдуваат тоа”, вели Мицкоски.





