СДСМ ќе го уништува Максим затоа што знаат дека битката со ВМРО-ДПМНЕ е веќе изгубена

Анализата на врвот на СДСМ е дека власта не може да стори ништо за да ја намали предноста на ВМРО-ДПМНЕ до изборите и затоа се бара начин како да се елиминираат фактори со кои Мицкоски по изборите може да дојде до 61 пратеник и направи влада по која ќе ги деконструира СДСМ и ДУИ.



Гледајќи го растот на анкетите на Максим Димитровски во втората изборна единица како и во тројка и четворка врвот на СДСМ размислува како да го блокира градоначалникот на Куманово да дојде до неколку пратеници со кои тој би преговарал со ВМРО-ДПМНЕ и би формирал влада со Мицкоски.

Проценките на СДСМ се дека ако Димитриевски освои 3 пратеници заедно со ВМРО-ДПМНЕ или со било кој албански партнер може да дојдат до 61 пратеник и да формираат влада без СДСМ и ДУИ.

За таа цел врвот на партијата пред десетина дена дал задача органите на партијата институционално да се пресметаат со Максим Димитриевски.

Како што брифираат партиски членови на СДСМ кои се разочарани од односот на Бихаќка кон Максим Димитриевски за таа цел се подготвува операција за одземање на документација во општина Куманово а како што кажа и самиот Димитриевски власта веќе го блокира отворањето на продавницата на Лидл во овој град.

За операцијата за институционален прогон и уништување на Максим Димитровски директно е задолжен еден пратеник а неа ја надгледуваат премиерот Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кои се од Куманово.

Според анализата на врвот на СДСМ со елиминација на Максим ќе се оневозможи влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Според изворите во СДСМ анкетите покажуваат дека партијата, особено по скандалот со Бехтел и Енка, до изборите може да падне под 150 илјади гласови и под 30 пратеници со што сите овие математики ќе паднат во вода затоа што ВМРО-ДПМНЕ има шанси и сама да освои 61 пратеник и да формира влада без ниту еден друг партнер.

На Бихаќка се свесни дека дури и ако таквата влада биде техничка или привремена тоа ќе значи дека по следните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе има најмалку 6 месеци да ја деконструира владеачката структура составена од кадри на СДСМ и ДУИ по што на следните избори ќе дојде до уште поголем дебакл на СДСМ а раст на ВМРО-ДПМНЕ и Максим Димитриевски за кого не се исклучува дека во иднина би можел да ја преземе СДСМ.