„Христијан Мицкоски преку кадрите на Никола Груевски во преодната Влада го криши Уставот на државата, го загрозува членствово во НАТО и ЕУ и Преспанскиот договор.Tехничката министерка за труд и социјална политика од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи и тоа во државна институција, директно го прекрши Уставот и го поткопува Договорот од Преспа, се вели во соопштението од СДСМ.
„Таквиот противуставен потег на Мизрахи, по налог на Христијан Мицкоски и неговиот шеф Груевски е антидржавно. Тоа е враќањето назад за кое зборува Мицкоски. Враќање во изолазија и обнова на криминалниот режим.Она што го прави ВМРО-ДПМНЕ против Преспанскиот договор, против НАТО и ЕУ се опасни за иднината на државата, за нејзините стратешки интереси.Граѓаните ги препознаваат штетните политики на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ и затоа на 12 април повторно ќе ги казнат со нов убедлив пораз на изборите“, се вели во соопштението.





