Црвено-бела боја ќе биде новата боја со која владејачката СДСМ се ребрендира денеска.
Црвена и бела ќе биде партиската боја, исто како и европските социјалдемократи.
Владејачката СДСМ од сабота, 5 октомври, ќе почне со караван трибини низ целата земја наречен „На прав пат“, најави генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски.
„Под слоганот ‘На прав пат’ СДСМ започнува караван на отворени, јавни трибини со граѓаните ширум републиката. На повеќе од 20 граѓански форуми, директно со граѓаните, очи в очи, да ги слушнеме нивните ставови, но и да го презентираме сработеното во изминатите 2 години. За секој регион, за секое неше населено место. Ги повикуваме граѓаните да ни се приклучат, како што се приклучија на промените, како што се приклучија на напредокот, на нашите маалски и урбани средби, и да дадат свој придонес“, рече Николовски.





