СДСМ ја менува партиската боја во црвена

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешниот онлајн 25 конгрес објави дека една од предлог-статутарните измени која треба да биде изгласана е црвената боја да стане официјална боја на владеачката партија.



„Прв пат ќе ја впишеме црвената боја, тоа е боја на левицата, на социјалдемократијатра, на победата, боја на слободата, на животот, тоа е боја на македонската иднина“че Заев во онлајн обраќањето.