Во своето најново соопштение со кое се фали дека Македонија започнала преговори со ЕУ (иако низа европски експерти го тврдат спротивното) СДСМ користи збор кој воопшто го нема во македонскиот јазик.
,,Преговорите за членство во ЕУ почнаа со одржувањето на првата меѓувладина конференција, а веднаш по неа започна СКРИНИГ процесот, по кој ќе следува и отворање на првите поглавја”, пишува во соопштението на СДСМ.

Зборот СКРИНИГ не постои во македонскиот јазик за кој СДСМ тврди дека е бетониран во преговорите со ЕУ.
Ако во СДСМ сакале да напишат скрининг и нивните полу(не)писмени пропагандисти го утнале зборот треба да знаат дека и зборот СКРИНИНГ го нема во толковниот речник на македонскиот јазик кој го промовира и владата.

Целото соопштение






