Вицепремиерот Бујар Османи очекува СДСМ да си стои на договреното и на претседателските избори да излезат со консензуален кандидат за претседател на државата.
„Начелен договор за консезуален кандидат постои со СДСМ уште кога се формира коалицијата. Сметаме дека државата треба да ги надмине етничките и партиските пречки затоа што претседателот треба да биде фигура што ги спојува сите…Се надеваме дека со СДСМ ќе најдеме заеднички прифатливо решение“, вели Османи како што пренесе Макфакс..





