Собраниските служби ги подготвиле предлог заклучоците за владината информација за францускиот предлог. Според она што го подготвува собраниското мнозинство, оваа информација треба лесно да помине на сѐ уште незакажаната пленарна собраниска седница, со што македонската влада добива задача како да се однесува, но не и да се промени преговарачката рамка. Рокот да се заврши целата процедура е 22 јули кога почнуваат летните одмори во Европската комисија (ЕК).
Оваа информација денеска ја објавува порталот Мкд.мк.
Според порталот Собранието ѝ дава задача на Владата доследно да се придржува кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ како елементи за кои не се преговара.
Како што дознава мкд.мк , собраниската седница планирано е да се одржи утре или задутре, а веќе се обезбедени гласовите на околу 70 пратеници (СДСМ, ДУИ, Алтернатива, ДПА и АА). Сѐ уште не се знае како би гласале пратениците на ДОМ, ДС и ЛДП, партии кои се дел од владината коалиција. Можно е расправата на пленарната седница да трае два, три дена.
Сценариото предвидува Бујар Османи, македонскиот министер за надворешни работи, веднаш по прифаќањето на заклучоците од Собранието, да замине за Софија (или Брисел) за да го потпише протоколот со Бугарија.
Следува известувањето на Владата до ЕК дека преговарачката рамка е прифатена и до 22 јули да се одржи формалната меѓувладина конференција, дознава МКД.мк од пратенички извори.
Во предлог-заклучоците кои МКД.мк ги поседува, пишува дека „Собранието на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата на Владата на Република С. Македонија за содржината на предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со ЕУ предложена од страна на претседателството на Франција со Советот на ЕУ на 30 јуни 2022 година.
Собранието на Република С.Македонија ја прифаќа преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со ЕУ предложена од страна на претседателството на Франција со Советот на ЕУ на 30 јуни 2022 година.
Собранието на Република С. Македонија ја задолжува Владата на Република Северна Македонија доследно да се придржува кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ како елементи за кои не се преговара, односно не се дел од преговарачкиот процес за полноправно членство на Република Северна Македонија во ЕУ. Владата на Република Северна Македонија да постапува целосно во согласност со стратешките определби на земјата за интеграција и полноправно членство во Европската Унија и да ја прифати понудената преговарачка рамка со Европската Унија, со исклучување на билатерални историски и образовни елементи во рамката, и со безусловно и целосно почитување и заштита на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ во текот на целокупниот процес на преговори со ЕУ како државни и темелни вредности за кои никој не смее да преговара во кое било време и околности.
Сите детали на мкд.мк
Последна вест
Најдобриот другар на Заев во последно време
Филипче не е сигурен дали ќе има подобар предлог но гласал за францускиот






