Претставници на двете најголеми политички партии во владеачката коалиција постигнале договор за поделба на вработувања во администрацијата во сооднос 2:1.
Извори во помала партија во власта кои се лути на договорот меѓу Мала Речица и Бихаќка тврдат дека според договорот постигнат завчера меѓу ДУИ и СДСМ партиските вработувања се распоредени на следниот начин:
1000 работни места за ДУИ и 2000 за СДСМ.
Договорот треба да се спроведе во наредните 3 месеци откако нивните директори ќе направат списоци на испразнети места.
Временскиот рок за спроведување на вработувањата е во наредни 3 месеци за да се направи мобилизација на гласачко тело за избори на пролет.
Изворите тврдат дека ќе нема ниту еден вработен за останатите владини коалициони партнери. Соработката на СДСМ е исклучиво со ДУИ и е базирана на користење државни ресурси и државна администрација.
Според последните информации од власта во последниве 2 години во Македонија се вработени над 50 илјади луѓе но нема точна бројка на вработувањето во админиатрацијата.





