СДСМ и ДУИ се разидоа за ставот на Мицкоски уставот да се менува по хрватскиот модел

За прв пат по подолго време СДСМ и ДУИ со различни позиции за став на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.



Прашани дали за за нив е прифатливо промена на уставот според хрватското решение со што Бугарите ќе бидат едно од малцинствата во националната држава на Македонците од СДСМ велат дека за ова прашање може да се расправа во тимот кој ги подготвува уставните измени.

Наспроти СДСМ од каде ова идеја не се отфрла туку се остава како можност од ДУИ јасно ставаат до знаење дека не се согласуваат со идејата во уставот да стојат Бугарите како едно од малцинствата во националната држава на Македонците и сите други малцинства.

За Сител портпаролот на ДУИ Бујар Османи изјавил дека ставот на Мицкоски не е вреден за коментар односно ја отфрлил идејата.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе може во работната група за уставни измени да ги даде своите предлози во рамки на јавната расправа“, се вели во коментарот на СДСМ кој за Сител попланево пристигна во однос на понудата на ВМРО-ДПМНЕ да прифати измени по хрватскиот модел”, е ставот на СДСМ кој го пренесуваат медиумите.

Ова е прва крупна разлика во ставовите на ДУИ и СДСМ по долго време.

Предходно Мицкоски рече дека уште утре би поддржал промена на уставот ако се оди по урнекот од Хрватска каде земјата се дефинира како национална држава на хрватите и сите други малцинства.

Што содржи моделот поради кој Мицкоски веднаш би го сменил уставот