Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска, по разговорите со Манфред Вебер, претседател на Европската народна партија, ги повтори старите ставови дека „ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати никаков договор кој ќе биде под бугарски диктат“.
,,Она што најмногу зачудува, а што го слушнав овде во Брисел од соговорниците, е дека нашите членови на македонската Влада, кои кога доаѓаат во Брисел, ние мислиме работат за државата, а тие покрај тоа што го уживаат комфорот на своите функции, единствената работа и цел им е да ја кодошат опозицијата овде во Брисел и да бараат од луѓето од Брисел да вршат притисок врз ВМРО-ДПМНЕ да прифати договор кој ниту го преговарала ниту учествувала во него, а предупредила дека нема намера да го прифати“, вели Мицкоски.





