ВМРО-ДПМНЕ се уште не знае дали ќе учествува во техничката Влада на Талат Џафери но потпретседателот на партијата, Александар Николоски порачува дека опозицијата нема да дозволи СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците да направат изборни манипулации за да добијат повеќе пратеници.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во Кавадарци изјави дека сериозно се разгледуваат понатамошните чекори кои тие како опозиција би ги презеле во однос на нивното учество во техничката Влада, во која би добиле министер за внатрешни работи, министер за труд и социјална политика и три заменички места во финансии, земјоделие и министерството за информатичко општество и администрација со врзан потпис.
Според Николовски СДСМ и ДУИ се обидуваат да изманипулираат за да добијат пратеник повеќе.
„Власта соочена со нискиот рејтинг и со извесниот пораз на изборите се обидува да направи било какви манипулации не за да победат на избори, туку за да изманипулираат за некој пратеник плус“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци.
Според него тоа е јасно од обидите на власта да не се избере член на ДИК кој би дошол од опозициските партии на Албанците.
„Алијанса за Албанците стана член на Владата скоро пред година дена и со тоа го изгуби местото во ДИК. Според закон тоа припаѓа на опозицијата. Законот вели ДИК има 7 члена од кои 4 на власта и 3 на опозицијата. Во моментот тоа едно место е непополнето иако сите знаат дека треба да е на опозицијата. Иако се прекршени неколку закони имајќи предвид дека во законите има јасни норми и процедури за колку време треба да се пополни ДИК“, кажа Николоски.
Оттука, вели Николоски.
Тој уверува дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи манипулации во изборниот порцес и затоа тие како партија сериозно ќе размислат за учество во Владата.






