• Македонија
  • Свет / Балкан
  • Бизнис
  • Колумни
  • Личен развој
  • Локални избори 2021
Search
Monday, April 20, 2026
  • Македонија
  • Свет / Балкан
  • Бизнис
  • Колумни
  • Личен развој
  • Локални избори 2021
Sign in
Welcome! Log into your account
Forgot your password? Get help
Password recovery
Recover your password
A password will be e-mailed to you.
Expres.mk
  • Македонија
  • Свет / Балкан
  • Бизнис
  • Колумни
  • Личен развој
  • Локални избори 2021
Home Македонија СДСМ и ДУИ направија „циркус“ од надворешната политика на Македонија, велат од...
  • Македонија
  • Популарно

СДСМ и ДУИ направија „циркус“ од надворешната политика на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

December 21, 2023
Facebook
Twitter
Pinterest
WhatsApp

    Владата предводена од СДС и ДУИ прифати услови за ЕУ без никаква консултација дома, без никаква консултација со релевантните чинители во Македонија.
    Чекорите кои ги преземаа Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ и Бујар Османи оставија трајни последици по евроинтегративниот пат на Македонија.



    „ И од држава воопшто и посебно од надворешната политика направија циркус“, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

    „Ковачевски, Маричиќ и Османи наместо да укажат на штетните и нереални ставови на Бугарија пред европските претставници, тие прифатија договор или услови кои се на штета на граѓаните и на државата.

    Со обврските кои ги преземаа, а знаеја дека не може да се реализираат,  купуваа само ден повеќе на власт. И додека ја бараа поддршката за неприфатливиот услов продолжуваа да крадат.

    Сите нивни активности спротивни на правните норми во државата се запишани во извештајот на Европската комисија. И во тој документ ги има сите нелегални активности како активностите поврзани со коридорите 8 и 10д, лошата ситуација во правосудните органи и слично.

    Нелегалните или криминални активности на СДС и ДУИ ја чинат Македонија многу, ги чинат граѓаните многу.

    Состојбите како дома, а така и на меѓународен план мора да се поправи. За ова е потребен целосен рестарт на системот“, се вели во денешното соопштение од опозициската партија.

    • TAGS
    • Бугарија услови
    • ВМРО
    • СДСМ и ДУИ
    Facebook
    Twitter
    Pinterest
    WhatsApp
      dimitar
      • Контакт
      • Импресум
      • Маркетинг
      • Услови за користење
      © Expres.mk. Сите права се задржани.