СДСМ и ДУИ имаат нова пропагандна мантра која ја шират нивните функционери.
Владеачките партии за само 12 часа разлика се повикуваат на тајни анкети според кои партиите од власта убедливо ќе победела на следните избори.
Кој ги правел тие анкети и што има во нив не кажуваат ниту од СДСМ ниту од ДУИ.
,,Aнкетите велат дека европскиот фронт СДСМ-ДУИ-Алијанса за Албанците и други политички партии се победници на изборите на 8 мај годинава и тоа убедливо”, изјави синоќа првиот вицепремиер и функционер на ДУИ Артан Груби во интервју за Душица Мрѓа на ТВ24.
Истата мантра ја шири и пратеникот на СДСМ Мартин Костовски за кого имаше објавено судски документи дека имал психички проблеми.
Костовски кој се соочува со кривичен прогон за незаконски потпис на закон додека беше директор на Службен весник најавува убедлива победа на владачките партии.
И тој не кажува кој ги направил анкетите и дали тие се направени со цела јавност, во седиштето на СДСМ или во владата.
Според сите релевантни анкети објавени досега сите партии на власта заедно не можат соберат повеќе гласови само од ВМРО-ДПМНЕ.
,,Последните анкети кажуваат ЕВРОПСКИ ФРОНТ убедливо ПОБЕДУВА 🇪🇺🇲🇰”, пишува Костовски и ги реди сите партии во власта плус некои што не се во владеачката коалиција:
СДСМ
ЛДП
НСДП
ДУИ
АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ
ДПА
ВМРО-Народна
ДОМ
Демократски сојуз на Власите
Нова Алтернатива
Странка на демократска акција на Македонија (СДА)
Партија на пензионери
Либерална партија на Македонија
ПЦЕР
ПОЕН
Партија за движење на Турците
Српска странка во Македонија
Демократска партија на Ромите
партиите на Аријанит Хоџа и Скендер Реџепи заедно со граѓаните на Македонија за ЕВРОПА 🇪🇺🇲🇰🇪🇺🇲🇰🇪🇺




