Старо-новите владини партнери СДСМ и ДУИ ги одредија министрите во новата Влада, во која новина е функцијата прв вицепремиер, која ќе ја извршува секретарот на интегративците Артан Груби.
„Прв вицепремиер значи дека е заменик на премиерот кога е отсутен за да ги води седниците или да прими делегација. Нема менување на закони и нема врзани потписи. Ова е за подобра координација меѓу двете политички партии за преземање одговорност, како и за чест. Самиот министер за политички систем ќе биде прв вицепремиер, Артан Груби, а другите тројца ќе бидат вицепремиери во соодветните ресори“, објасни лидерот на СДСМ, кој ќе ја предводи Владата, по седницата на партискиот Централен одбор.
Предложени министри од СДСМ:
Потпретседател на владата за борба против корупцијата и криминалот – Љупчо Николовски
Потпретседател на Владата за европски политики – Никола Димитров
Потпретседател на Владата за економски политики – Фатмир Бетиќи
Министерство за внатрешни работи – Оливер Спасовски
Министерство за одбрана – Радмила Шекеринска
Министерство за здравство – Венко Филипче
Министерство за образование – Мила Царовска
Mинистерство за транспорт и врски – Благој Бочварски
Министерство за култура – Ирена Стефовска
Министерство за правда – Бојан Маричиќ
Mинистерство за труд и социјална политика – Јагода Шахпаска
Министерство за земјоделие – од Беса
Министерство за локална самоуправа – од ЛДП.
Претходно, и ДУИ ги соопшти своите предлози за министри:
Потпретседател на Владата за политички систем – Артан Груби
Министерство за финансии – Фатмир Бесими
Министерство за надворешни работи – Бујар Османи
Министерство за економија – Крешник Бектеши
Министерство за животна средина – Насер Нуредини
Министерство за информатичко општество – (во договор со коалицискиот партнер).





