Погрешните чекори на власта која наместо да го зголеми бројот на пратеници со реконструкција на владата може да има дури и помал број на пратеници се должи на паниката во Мала Речица и Бихачка предизвикана од најавите вестите од Судот за човекови права во Стразбур.
Добро информирани извори запознати со состојбите во СДСМ се убедени дека цело ова брзање и реконструкција на владата чија собраниска седница била закажана за денес во 15 часот, е со цел се да заврши пред 15 февруари, затоа што на 16 февруари с очекува неповолна одлука од Стразбург за предметите од аболицијата на Иванов.
Свесни дека вестите од Стразбур ќе бидат тежок удар за политиките на СДСМ и ДУИ во правосудсвото, заради судењето и пресудите на многу луѓе поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и намалување на нивниот рејтинг и создавање внатрешни проблеми во самиот СДСМ, тие брзаат и прават многу грешки.
Елиминација на Алтернатива од владата без да биде прашана за став, елиминација на луѓе од Огнената група во ДУИ без да бидат информирани дека се бришат од владата и предлог на, благо кажано, контроверзни кандидати за министри и заменици се должи на брзањето целата операција на реконструкција да заврши пред објава на вестите од Стразбур кои ќе покажат дека СДСМ и ДУИ направиле голема правосудна трагедија за која знаеле но сепак ја сториле.
Во брзањето да се претрка Стразбур СДСМ ризикува да ги загуби и пратеникот Павле Трајанов и неговиот Демократски сојуз како и Достоинство на Стојанче Ангелов кој нема свој пратеник во Собранието. Двете партии беа изиритирани од заканите на Таравари кој влегува во власта, дека Македонија ќе биде федерализирана ако не поминат уставните измени. А уставните измени по последната агресија од Софија и грешки на власта се се подалеку.
Практично според изворите блиски на СДСМ, на Ковачевски и на Ахмети им се брза да состават нова влада затоа што не очекуваат поволен исход на 16 февруари од судот во Стразбур. Тие се надеваат дека со реконструкцијата и покрај очекуваниот силен удар од Стразбур ќе можат да владеат до крај на мандатот, тврдат изворите на expres.mk.





