СДСМ: Граѓаните гледаат силна посветеност на Владата во справување со Ковид-19

Социјалдемократскиот сојуз смета дека граѓаните имаат добро мислење за Владата и лошо за опозицијата.



“Во текот на изминатите 12 месеци, кога нашата држава и целиот свет се бори со пандемијата, граѓаните видоа силна посветеност на Владата, институциите и на здравствениот систем во справување со пандемијата и деструктивно и незрело однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Уште од првите моменти од пандемијата со коронавирусот ВМРО-ДПМНЕ бесрамно лажеше дека немало доволно тестови за коронавирусот, ги делеше здравствените работници на ваши и наши, потоа намерно ги прекршуваше мерките за заштита”, пишува во соопштението на СДСМ.