СДСМ го заокружува караванот трибини „Силно и одлучно кон иднината”

СДСМ ги поканува сите граѓани, членови, симпатизери, активисти поддржувачи на СДСМ и прогресивните политики што носат напредок и европска иднина да присуствуваат на Со голема национална трибина во Скопје, која започнува во 18:00 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски”



Во изминатите 2 месеци, биле реализирани 78 трибини, низ секој град, село, секое населено место во земјава.

(…)

СДСМ повторно е на победничките патеки, силна, мотивирана, државничка политичка партија која работи за граѓаните и државата.

Започнавме преговори со ЕУ, реализиравме два пакети антикризни мерки за помош на граѓаните и паралелно го спроведуваме процесот на реформи важен за европската иднина, но пред се, важен за граѓаните и државата.

Антикризните мерки ја спасија македонската економија, СДСМ успешно менаџира со последиците од глобалната енергетска и економска криза.

Од политичка неизвесност обезбедивме политичка стабилност и извесност.

Така и ќе продолжиме, СДСМ како најголема, најсилна и државотворна партија е и ќе биде гарантот на европската иднина, на нов економски раст и нова енергетска визија, се вели во партиското соопштрение.