Човек за кого Македонија е единствена сакана држава апелира да биде сфатен најдобронамерно кога меѓу другото вели дека партијата на Заев не може да ја стекне поддршката од Албанците со прибирање на кланови и луѓе како потпретседателот и министерот Албанец во СДСМ.
“Со чесни исклучоци, СДСМ го собра моралниот џган на етничките Албанци во С. Македонија.
Мислам дека сограѓаните Македонци-членови на СДСМ, не се ниту свесни дека Мухамед Зекири, Едмонд Адеми, Кланот од Грчец, кланот од Арачиново, и остала багра – не се луѓе со кои се идентификуваат ниту албанските интелектуалци, ниту еснафите.
И дека таквите луѓе немаат никакво влијание меѓу албанскиот народ овде.
Дури и во социјализмот немаше вакви луѓе во тогашниот Сојуз на комунисти”, пишува аналитичарот и лингвист Арменд Нухиу според кого ако СДСМ како граѓанска партија цели на албанското гласачко тело, ова не е вистински пат.
Според Нухиу ваквата стратегијата кај огромно мнозинство Албанци ќе направи противник на СДСМ





