СДСМ го прозва ВМРО, заборави на ДУИ и “осумтемината”

СДСМ ја повика опозицијата, нивните обвинети пратеници да го следат Павле Богоевски кој си даде оставка откако беше фатен и призна дека набавувал забранети супстанци.



“Повлекувањето од функцијата пратеник во собранието на Павле Богоевски  претставува висок морален чин и чувство на лична одговорност пред граѓаните. Тоа за ВМРО-ДПМНЕ останува непозната категорија”, обвини денеска СДСМ преку соопштение.

Според владеачката партија оставката на пратеникот Богоевски од морални причини го отворило најзначајното прашање: Дали пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски процеси ќе покажат морална одговорност и ќе поднесат оставка од функцијата пратеник во Собранието на Република Северна Македонија?

Проблемот со ова барање е што власта има долг список на обвинети лица кои се во институциите или кои блиску соработуваат со СДСМ:

Али Ахмети- Обвинет во “Попис”
Ејуп Аљими и Исмет Гури – Обвинети во “Титаник 3”

Бети Канческа-Обвинета во “Тендери”
Вицепремиерот Бујар Османи- Обвинет во “Пациент”.

Талат Џафери-отворена истрага за начинот на кој е избран Џафери за претседател на Собрание

Пратениците кои го поддржаа СДСМ за промена на уставното име Мукоски, Арнаудов и Василевски- амнестирани.

Наметнувајќи го критериумот обвинет како причина за давање оставка СДСМ отвори дилема дали уште десетина луѓе во коалицијата што ја предводи треба да ја напуштат пратеноичката функција откако беа обвинети за криминал како што тоа го бара од опозициските пратеници.