СДСМ ги активира ,,тимовите за изборна победа”

Тимовите за победа во Изборната Единица 5 се подготвуваат за следни активности со граѓаните, објави вечерва министерката Бисера Костадиновска Стојчевска која заедно со министерката за екологија се сретнале со партиски членови.



,,Вечерва заедно со Каја Шукова како координатори на тимот кој победува во ИЕ 5 и членовите поставивме нови задачи и ги дефиниравме следните теренски активности.

#СДСМ секогаш е рамо до рамо со граѓаните, ги слушаме нивните барања и заедно креираме политики кои го носат подобри услови за живот и благостојба.

Заедно со граѓаните, сплотени и со иста цел продолжуваме кон подобра, поубава и сигурна иднина”, објави вчера вечер министерката користејќи го хаштагот #РамоДоРамо.

Според премиерот Ковачевски ова собрание има мандат до идната година во септември што значи дека тимовите на СДСМ почнуваат кампања на една година пред изборите.

Нити еден од членовите на СДСМ, а меѓу нив беше и директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, во кампањата нема црвено елече кое партијата ги набави на почетокот на акцијата Рамо до Рамо.