СДСМ: ЕУ со јасно признание за достигнувањата

СООПШТЕНИЈА



За СДСМ, заклучоците на Советот на министрите на ЕУ се јасно и недвосмислено признание за постигнатиот успех во изминатата година. Резултатите на домашен план, преземените храбри чекори, напредокот во реформите се признаени и вреднувани иако изостана очекуваниот датум за преговори.

Од владејачката партија велат дека е одредена точна временска точка во која ќе се донесе и потврди одлуката за почеток на преговорите за членство ЕУ, и не подоцна од октомври оваа година.

„Од особена важност е што оваа одлука ќе биде донесена годинава, што е практично и потврдено со заклучоците на Советот. Најпозитивниот извештај, безусловната препорака за почеток на преговорите и заклучокот од Советот значат целосен успех, кој се заокружува во октомври, со конечна одлука за почеток на преговорите до крајот на годината. Владата предводена од СДСМ, министерствата и сите институции продолжуваат со интензивни подготовки за формален почеток на преговорите до крајот на оваа година“, се додава во соопштението.