Иако во соопштение за јавноста денеска СДСМ зборуваше за темата лажни пасоши за функционери на ВМРО-ДПМНЕ од прес службата на партијата на власт во видео објавено на Јутјуб “заборавија” на болната и опасна тема за министерот Спасовски.
Прес конференцијата започнува со истите зборови како во соопштението но во видео обраќањето на портпарол на партијата е прескокнат скандалот со Владимир Варелов за кого Спасовски од непознати причини не покренал истрага цели 4 години.
“Во 2017, двајца истакнати кадри на ВМРО-ДПМНЕ, кои беа на високи позиции во УБК за време на режимот, со македонски пасоши со лажни идентитети преминаа во соседна Грција, за да избегнат кривичен прогон за сериозни кривични дела”, се вели во делото од соопштението на СДСМ кој го нема во видео обраќањето.
Можните причини за избегнување на темата се објаснети во овој текст:






