Има ли злоупотреба на институции за партиска промоција, прашуваат граѓани на социјалните мрежи откако вчера синот на професорот Фрчкоски, Јон Фрчкоски во име на СДСМ јавно промовираше „Европска младинска картичка“.
Фрчкоски признава дека проектот не е одобрен односно е во фаза на апликација и најверојатно нема ни да биде одобрен затоа што на листата на организации кои во Европа работат со оваа картичка нема ниту една политичка партија.
Фрчкоски вчера ги повика сите млади лица на возраст од 15 до 29 години да аплицираат и да ја добијат картичката.
Токму кај оваа старосна група СДСМ доживеа тежок дебакл на последните избори што индицира дека партијата со злоупотреба на овластувања за европска картичка сака да добие поени кај младите.
СДСМ и Фрчкоски со картичката нудат “поволности и придобивки во секојдневниот живот, попусти за културно-уметнички настани, туристички центри, спортски настани, патување, транспорт, едукација и доусовршување.
Веќе е обезбедена соработка со над 300 субјекти како угостителски објекти, театри, киносали, центри за едукација и развој, спортски центри и други кои за младите ќе обезбедат попусти на нивните услуги”.
Новинарот Гоце Трпковски во врска со изјавата на СДСМ вели:”Не ми е јасно која е логиката една политичка партија да издава ваква картичка, и дали ова е активност што е опфатена со законот за политички парти”.
Промовирајќи ја картичката Фрчкоски изјави дека за СДСМ младите се партиски приоритет, што било покажано преку создавање на активни и квалитетни младински политики кои придонесле за нешто помалку од две години, стапката на невработеност кај младите да се намали за околу 10 отсо.
“Не застануваме тука. Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките и проектите што се во интерес на младите, со цел тие да останат тука и тука да градат иднина”, се вели во партиската изјава за која партијата нема никакви ингеренции.
На листата партнери на“European youth card” нема ниту една политичка партија туку невладини организации и државни институции кои работат на младински политики.
“Се лажат ако мислат дека вака ќе регрутираат нови членови” е коментарот на млад човек кому му е потребна картичката но никогаш не би отишол да ја земе од политичка партија.





