СДСМ на претстојните локални избори ќе оди во коалиција со ДУИ и со ДПА при изборот на градоначалник на Скопје, објави генералниот секретар Љупчо Николовски.
Лидерите на СДСМ, Зоран Заев, и на ДУИ, Али Ахмети, ќе имаат средба следната седмица, на која треба да дефинираат во кои општини ќе одат во коалиција во првиот круг, а во кои во вториот за избор на градски татко.
СДСМ нема да номинира свој кандидат во Сарај и во Чаир, а во други општини е можен самостоен настап во првиот круг. На пример, во Гостивар партијата на Заев ќе оди со кандидат за градоначалник Албанец.
На 26. коалициски партнери на СДСМ им е даден рок до 25 јули да се изјаснат за евентуалниот заеднички настап на локалните избори во втората половина на октомври.






