СДСМ, ДУИ и АА влегоа во војна со противник кој не може да биде поразен

Владеачката коалиција составена од СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците влезе во војна со противник кој не може да биде поразен.



Пратениците на овие три партии во собранието ги отфрлиле сите амандмани предложени од македонските еколошки организации.

Амандманите се формално доставени во собранието од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата но реално се подготвени и предложени од еколошките организации кои се дел од таканаречената ЕКО група, пратеници од сите партии кои ги застапуваат барањата на организациите за заштита на животна средина.

Пратениците на СДСМ, ДУИ и АА иако членови на ЕКО групата на гласањето ги оставиле на цедило своите колеги и еколошки активисти и гласале против сите еколошки амандмани во државниот буџет.

,,Со завршувањето на амандманската расправа по предложениот Буџет за 2024 година, владата СДС/ДУИ уште еднаш ја покажа својата лицемерност во однос на заложбите за чиста и здрава ЖИВОТНА СРЕДИНА.
‼️Скопје повторно на врвот на загадените градови во светот, а пратениците од владеачкото мнозинство гласаа ПРОТИВ сите Амандмани кои беа предложени од невладините организации, а поднесени од нас, пратеници од ПГ на ВМРО ДПМНЕ, кои сме и членови на собраниската ЕКО група, во која, потенцирам, членуваат и пратеници од СДСМ, ДУИ, ДОМ, ЛДП и другите коалициони партнери на сдс/дуи невладата.
За жал, овие пратеници доаѓаат на средбите на ЕКО групата само за да потоа се фалат дека се членови, но, кога треба нешто да се сработи, тие не се ни појавуваат”, открива пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Велика Серафимовска Стојкова.

Таа открива дека се одбиени над десетина Амандмани, а меѓу нив се и Амандманите со кои се предлага:

❌️ Замена на начин на греење од мазут на други, еколошки горива, на повеќе државни згради, како на пример Болницата за детски заболувања во Козле, Геријатрија во Ѓорче Петров и слично;

❌️ Амандман за изработка на Студија за ревитализација на Студенчишко блато;

❌️ Амандман за опремување на лабаратории за мерење на повеќе видови опасни честички во воздухот;

❌️ Амандман за опремување на лабаратории за испитување на квалитетот на подземните води во Македонија;

❌️ Aмандман за изработка на Студија за прогласување на Кожуф за национален парк; и десетина други…..

Спред Стојкова Серафимовска најчудно и вџашувачки било одбивањето на амандманот со кој се предвидувало инсталирање на македонски изум за намалување на урбаното загадување со кој, на најфрекфрентните раскрсници во Скопје, ќе се вшмукуваат околу 1000 кубни метри издувни гасови на час.

Со овој Амандман се бараале 553 000 МКД, (9000 евра) што според пратеничката владата го троши секојдневно на луксуз, особено видлив во Министерството на Груби.

,,Мора да потенцирам дека за ДУИ, според говорот на еден пратеник од ДУИ, зелената боја не значела само екологија, туку, тие си имале зелени маици и од војна.
Ете, тоа е вистинката НЕгрижа за екологијата и животната средина на СДС/ДУИ.
Тие што дојдоа на власт со гас маски и на крилјата на невладиниот сектор, сега се најголемите непријатели на екологијата, и, да, и на невладиниот сектор”, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.