СДСМ-ДУИ-АА сигурни победници на изборите, убеден е Артан Груби

Првиот вицепремиер и функционер на ДУИ Артан Груби верли дека според анкетите „Еевропскиот фронт СДСМ-ДУИ-Алијанса за Албанците“ и други политички партии ќе бидат убедливи победници на изборите на 8 мај.



Груби во гостување на ТВ 24 рече дека се отворени опциите и за заеднички фронт СДСМ-ДУИ-Алијанса за Албанците, но и ДУИ-Алијанса-ДПА и партиите на Аријанит Хоџа и Скендер Реџепи, а се разгледува и можноста ДУИ сама да излезе на изборите.

Но, сепак, тој не даде конкретен одговор која е најблиската опција за ДУИ, велејќи дека најблиската можност е да победи европска коалиција.

Груби рече дека ДУИ има црвени линии и нема да коалицира со партија која нема да поддржи „европска Македонија, Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Бугарија, Охридскиот договор и признавањето на Косово“.

Околу тоа кој претседателски кандидат ќе поддржат, Груби рече дека за актуелниот претседател Стево Пендаровски, веќе го направиле на претходните избори и немаат никаква резерва кон него за кандидат.

Но, за тој да биде консензуален не зависи само од ДУИ туку и од СДСМ и од Алијанса за Албанците и од другите политички партии.