Владејачката СДСМ, вечерва на седница Централниот одбор ќе одлучува дали да го прифати предлогот за одржување предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските во април.
Се очекува на ЦО да започне и постапката за номинирање претседателски кандидати. Во јавноста веќе се шпекулира со десетина имиња за евентуалтуален консензуален претседател за кој би се договориле СДСМ и ДУИ.
Пратеникот од ДУИ, Реџаил Исмаили вчера во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат рече дека ДУИ застанува зад Денко Меалески, Лазар Еленовски, Владо Поповски и Луан Старова како можни кандидати за консензуален претседател.





