СДСМ ја демантира објавената вест на Канал 5. дека со ДУИ наводно бил договорен премиер по принципот три години Зоран Заев – една Насер Зибери и дека ДУИ ќе управува со УЈП и МВР, се истакнува во соопштението за јавност од оваа партија
„ Не е точно дека во разговорите помеѓу СДСМ и ДУИ е договорен премиер по принцип како што е објавено, тоа е невистина. Исто така не е точно ниту тоа дека веќе се договорени било какви персонални решенија и поделби на ресори.
СДСМ им стои на располагање на медиумите, и очекува во духот на прифесионалното новинарство, за вакви прашања да побараат официјална потврда од партијата, или став, пред да биде објавена. На овој начин се пласираат неточни информации во јавноста, а граѓаните се доведуваат во заблуда. СДСМ навремено ги информира граѓаните и доколку има договор тоа јавно ќе го соопшти“, се вели во партиската реакција.




