СДСМ има фаворит за претседател, изненадувањето не е големо

Најсериозен фаворит за кандидат за претседател од редовите на СДСМ овие денови е екс вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска.



Според извори на Бихаќка, Шеќеринска која подолго време активно лобира во партијата за оваа позиција има сериозна предност во кандидатурата од актуелниот претседател Стево Пендаровски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Кај двајцата главниот хендикеп е нискиот рејтинг што е проблематично и за Шеќеринска но таа има други употребни вредности кои можат да и помогнат да претрпи чесен пораз затоа што со сегашните состојби на анкетите ниту еден кандидат на СДСМ, ДУИ и Алијанса не може да победи на следните претседателски избори.

Главната предност на Шеќеринска освен што нема друга политичка иднина и ќе гризе како да и е последна политичка мисија е тоа што е жена, тврдат изворите во СДСМ кои во анализата тргнуваат од тоа кој може да биде противкандидат на Шеќеринска од ВМРО-ДПМНЕ.

,,Во СДСМ ги знаеме анкетите според кои Гордана Силјановска Давкова има огромен рејтинг на кој не може да му се спротивстави ниту анемичниот Пендаровски ниту ,,полициски тип” како Оливер Спасовски кој би имал огромен проблем во интелектуалното надмудрување ако професорката Силјановска биде кандидат на опозицијата”, велат изворите на Бихачка кои знаат дека СДСМ не може да добие уште еден мандат на Водно дури ниту ако сите албански партии го поддржат нивниот кандидат.

Единствено Шеќеринска е доволно образована, искусна и доволно итра да и се спротистави на Силјановска е ставот на голем број луѓе во СДСМ кои очекуваат добра кампања за претседател како вовед во парламентарните избори.

Одлуката за Шеќеринска не е конечна ниту е помината низ телата на партијата кои треба да расправаат наскоро но за оваа опција веќе е разговарано и со Пендаровски и со Спасовски и тие сценариото го прифатиле без големи забелешки освен што Спасовски очекува во рамки на партијата да има гласање.

Доколку Пендаровски треба да биде повторно гласан во СДСМ за кандидат тој според извори во негоот тим нема да учествува во никакви лобирања за кандидатура и ќе ја напушти трката што неформално трае веќе 3 месеци.