Владејачкиот СДСМ најверојатно нема да поднесе приговори до Државната изборна комисија до крајниот рок 19:30 часот денеска.
Од партијата за телевизијата Канал 5 изјавиле дека досега не поднеле приговор и оти најверојатно нема ни да го сторат тоа, бидејќи „се задоволни од изборниот процес“.
Ваквиот став е контрадикторен со завчерашното соопштение на партијата на Зоран Заев, во кое таа побара „ДИК веднаш да ги поправи грешките и да презентира точни резултати пред јавноста“.
„Во податоците презентирани од страна на ДИК забележани се сериозни недостатоци и грешки кои може да даваат неточна слика за конечниот резултат“, констатираа тогаш од СДСМ.





