СДСМ досега не освои ниту еден градоначалнички мандат во првиот круг во десетте скопски општини, а само во три ќе влезе со предност пред противкандидати од другите партии.
Првичните резултати од ДИК покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ засега има две освоени градоначалнички места уште во првиот круг во Бутел и во Гази Баба, а ДУИ едно.






