Владеачката партија деновиве во повеќе јавни комуникации обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ е злосторничко здружение но досега СДСМ не поднесла кривична пријава за кривичното дело во кое се уверени нити пак бара забрана за постоење на најголемата политичка партија.
Доколку СДСМ навистина има докази дека ВМРО-ДПМНЕ е злосторничко здружение а тоа не го пријавува до јавното обвинителство тогаш и Бихачка е дел од злосторничко кривично дело кое може да го санкционира со институциите под нејзина команда како МВР или делови од обвинителството.
,,Повеќе судски пресуди и признанија на вина од страна на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, како „Титаник“ и „Плацови на Водно“ се потврда дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, односно злосторничко здружение.
Со судски одлуки е потврдено злосторничкото здружување, организираното перење пари, незаконското богатење преку криминални Белизе-шеми, изборните измами, криминализација на изборниот процес”, пишува во најновото велигденско соопштение на СДСМ.
Зошто Бихаќка не поднесува кривична пријава и не бара забрана за ВМРО-ДПМНЕ а смета дека ситуацијата е чиста е прашање на кое треба да одговори партијата СДСМ.






