СДСМ бара заеднички листи со ДУИ, Ахмети калкулира

На последниот состанок на коалиционите партнери, според информациите на Канал 5, СДСМ излегол со понуда за настап со заеднички листи на парламентарните избори



Според телевизијата до вчера на барањето на СДСМ се уште не бил добиен одговор од Ахмети.

Според извори на expres.mk во ДУИ Мала Речица калкулира и може да го одбие СДСМ затоа што со заедничка листа Али Ахмети ќе се ,,бетонира” односно веќе нема да може да бара постизборна владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Математиката на Ахмети е дека сега СДСМ е огромен товар кој нема да може да се отфрли ако ДУИ и СДСМ водат заедничка кампања која ќе биде насочена против ВМРО-ДПМНЕ.

Шансите за предизборна коалиција меѓу ДУИ и СДСМ според изворите на expres.mk се уште се големи поради лобирање на надворешни ,,консултанти”.