Кај дел од јавноста се појави стравување од политички манипулации откако владеачките СДСМ и ДУИ закажале митинг на кандидатот Стево Пендаровски во исто време кога во скопскага доминантно албанска општина Чаир се собираат навивачи на клубот Шкупи, “Шверцери”.
“Замислете момент …Закажува митинг СДСМ за престседателски кандидат во Чаир на 7 Април позади стадионот во Чаир, баш во моментите кога завршува фудбалскиот натпревар на Шкупи. Фактички на некој начин со публиката и со навивачка група Шверцери најспротиставената група на македонската фудбалска икона Вардар.
И баш на 7 Април и баш кога завршува мечот на Шкупи во 16.45 и баш позади стадионот”, пишува аналитичарот Александар Генчев имајќи ја во вид историјата на однесувањето на “Шверцери” кои пред неколку години беа дел од големата тепачка на Кале а тројца нејзини членови учествуваа во нападот на убиениот “Комита” Саздо.
“Што е многу многу е. Што е немање осет е немање осет. Што е безобзирна суровост е. Колку ли треба да немаш осет да закажеш ваков митинг е надвор од здрава памет. Алооооо ваши деца јаделе ќотек таму, алооооо ваши деца биле понижувани. Ова е веќе удар од најдлабоки размери. Ова веќе не се ни коментира”, пишува Генчев кој тврди дека “Шверцерите” се под директна контрола на ДУИ.





