СДК: „Зовре“ и во скопски „Водовод“

Не помина една од точките на дневен ред на Управниот одбор на ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје, денеска држеше седница во ходник бидејќи салата им била заклучена.



На дневен ред беше разрешувањето на в. д. директорот Драган Илиевски „поради лошата (неподобрена) финансиска состојба на претпријатието“, па затоа членовите се сомневаат дека ова е направено по негова наредба за да се блокира работата и да не се донесе одлуката за разрешување, објави СДК.

За 22 месеци Данела смени повеќе од 30 директори, распишан конкурс за уште пет

На дневниот ред било и Разгледување на барање од УО до в.д. директорот да се достави на увид Договорот за изградба на Пречистителна станица за отпадни води помеѓу ЈП „Водовод и канализација“ и „ВТЕ Васертехник”.

Управниот одбор на „Водовод“ беше избран додека градоначалничката Данела Арсовска не беше скарана со ВМРО-ДПМНЕ, партијата која ја подржа нејзината кандидатура на изборите во 2021.

Градоначалничката Арсовска во јануари годинава го назначи Илиески за в. д. директор на „Водовод“, каде тој дојде од местото в. д. директор на Зоолошката градина.