Врховниот судија Наќе Георгиев кој е нов член на Судскиот совет ќе го бира неговиот син за судија.
Синот Георгиев е тазе завршен на Академија за судии и јавни обвинители во генерацијата заедно со синот на експретседателот на Судскиот совет Киро Здравев, со синот на претседателот на Собранието Талат Џафери, со сопругата на обвинителот за организиран криминал Ислам Абази, со синот на апелациониот судија Енвер Беџети чија иницијатива за разрешување ја чува во фиоки Судскиот совет, и со други семејни лози од судството, пишува СДК.
Според експерти од Антикорупциската комисија, не само што ситуацијата во случајот со гласањето татко за син е крајно неетичка, туку има и сериозен судир на интереси.
„Не можеше ли татково да почека и да се воздржи од кандидатура за член на Судскиот совет кога знае дека син му годинава ја заврши обуката и оти бргу ќе се најде во Советот на избор за во некој од основните судови? И да се изземе од гласањето, сепак Наќе Георгиев е таму, тој е член на Судскиот совет кој ги избира судиите и има влијание. Тепачка е за судиските места во Скопје, има и желби за овој, за оној град, и при иста бодовна состојба на кандидатите, секако ќе се исполнат желбите на кандидатите со најсилните влијанија за нив во Судскиот совет“, предупредуваат соговорниците кои ги консултираше САКАМДАКАЖАМ.МК.
Повеќе детали на овој ЛИНК





