Македонците од Хрватска и градот Самобор ја одбележаа 80-годишнината од печатењето на збирката „Бели мугри“ на Кочо Рацин. Во Музејот на Самобор за неговото дело зборуваа д-р Славчо Ковиловски и д-р Васил Тоциновски, по што беше отворена изложба посветена на Рацин.
Стихозбирката „Бели мугри“, прва на македонски јазик, е отпечатена на 25 ноември 1939 во Самобор, илегално, во печатницата на Јосип Шпилер, во 4.000 примероци.
Во родниот Велес, но и во Македонија, јубилејот не е одбележан, пишува СакамДаКажам.





