Според новиот Детален урбанистички план (ДУП) Градска четврт И 05 – Маџир Маало 2, ќе можат да се градат 48 хотели, 50-тина згради и два деловни објекти, дознава „Сакам да кажам“.
Во планот сега е зацртана и маркичка за градинка и зелени површини кои ги немаше со претходниот ДУП донесен во 2012.
Планот конечно е изработен и беше презентиран на последната седница на Општина Центар одржана пред 10 дена.
Урбанистите од Општина Центар велат дека ова е максимумот што може да се направи за планско уредување на просторот со оглед на тоа дека мора да се придржуваат до Генералниот урбанистички план кој диктира на овој простор, во близина на Железничката и меѓуградската и меѓународна автобуска станица да се градат хотели.
Според ДУП-от, максималната висина на објектите е приземје, 5 ката плус поткровје.
Граѓаните на јавните презентации имаа најмногу забелешки токму на намената која ја добиле. Не сакаат хотели туку згради.
Исто така барале и поголема катност на објектите и бришење на булеварот Крушевска република.






